ВИДЕО: Нема договор меѓу средношколците и МОН

Од:

Бојкотот не е прекинат. Преговорите на средношколците со МОН се уште траат.

„Не сме задоволни од денешниот тек на разговорите, бидејќи единствено што ни понудија беше формирање на работни групи, а ние дојдовме со готови предлози.Ние не сакаме радикално да ги укинеме сите работи, ние им нудиме конструктивен предлог како сите да бидеме задоволни со начинот како тоа ќе се спроведе, вели Огнен Ханџински од Средношколскиот пленум.

Тие стојат цврсто на ставот дека ако не може да се подобри сегашниот начин, тогаш да си остане стариот концепт за полагање матура.

– Црвени линии се нашите барања, тоа е за новиот концепт на матура за кој не се согласуваме и бараме одложување и се надеваме дека за тоа ќе постигнеме согласност. Ако не може да се подобри, да се остане на стариот. За екстерното – ние имаме сосема нов предлог, во кој е ревидиран целиот концепт и ние имаме понуден нов кои би можел да се имплементира и да биде подобар целиот тој процец на екстерно, додаде Ханџински.

Ниту предлозите на средношколците за екстерното полагање не биле прифатени од министерот Адеми и заменик министерот Ристовски.

Средношколците во понатамошните преговори со МОН, ќе бараат мониторинг од Народниот правобранител, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Детската амбасада Меѓаши, заради како што велат, да се заштитат од можни манипулации.

Пред неколку минути пристигнаа и средношколците од Охрид и се придружија на кампот спроти зградата на МОН.

А.Б.

 

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците