Откако поминаа цела ноќ под отворено небо, на дожд, во импровизираниот камп пред МОН, средношколците одат на трета средба.
Претставнците на Средношколскиот пленум Александра Филипова, Дејан Рајковски и Огнен Ханџиски во 11,30 часот ќе одат на трета средба во Министерството за образование и наука.
Средношколците по вчерашната средба, велат дека се оптимисти за постигнување договор со МОН за нивните барања и се надеваат дека денеска веќе ќе има конкретни решенија за полагање според стариот концепт на на државна матура и воведување на работна група во подготовка на екстерните тестови и од технички и од содржаен аспект.