Варуфакис и неговата жена нападнати од анархисти во ресторан во Атина

Од:

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис денеска изјави дека тој и неговата жена биле нападнати од анархисти додека вечерале во еден ресторан во центарот на Атина, но дека не се повредени.

Според грчкиот министер, двајцата синоќа вечерале со пријатели во атинскиот кварт Егзархија, популарен меѓу екстремните левичари и анархисти, кога маскирана група упаднала во ресторанот, пренесува Танјуг.

Групата барала министерот да ја напушти областа, фрлајќи стаклени шишиња и останати предмети врз него и неговата жена, истакна Варуфакис, додавајќи дека тие не биле повредени.

Варуфакис истакна дека неговата жена го прегрнала и заштитила кога еден од групата се обидел да го удри. – Ова не беше организиран инцидент, истакнува Варуфакис во соопштението.

На крајот министерот разговарал со групата пред ресторанот и тензиите биле смирени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит