Рускиот вселенски брод Прогрес во опасност, се врти без контрола

Од:

Рускиот вселенски брод Прогрес, кој треба да достави гориво и храна до Меѓународната вселенска станица е во опасност, бидејќи има потешкотии со преносот на податоци, соопштија вчера руските власти, кои сепак се надеваат дека бродот за два дена ќе пристигна до станицата.

Прогрес превезува научна опрема и основни продукти, како вода и храна, а неговата евентуална загуба нема да ги загрози членовите на екипажот на МВС, кои имат резерви за неколку месеци.

– Бродот се движи, но телеметриските податоци не се пренесуваат во целина, изјави портпаролиот на рускиот контролен центар.

Поради тоа руските контроли на лет одлучија да го променат планот на летање на бродот, додаде тој.

Руската вселенска агенција, Роскосмос потврди дека Прогрес има потешкотии со преносот на податоци, јави ТАСС.

Агенцијата, повикувајќи се на извор во вселенската индустрија објави дека товарниот брод Прогрес М-27М, кој вчера изутрината беше лансиран со ракета Сојуз од космодромот во Бајконур, не влегол во планираната орбита поради дефект на лансерот. Рускиот контролен центар соопшти дека потоа товарниот брод на МВС ќе пристигне на 30 април, иако летот требаше да трае само шест часа.

Американската вселенска агенција НАСА потврди дека е прекината врската со бродот и додаде дека причината за одложеното пристигнување на Прогрес на МВС е поправка на системот на спојување.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети