Даниел Кајмакоски е поврзан со Евровизискиот фестивал уште од денот кога е роден. Гледањето пренос од „Евросонг“ било традиција во неговото семејство, а неговата мајка посебно го сакала фестивалот.
Така, по нејзина желба вториот син го добил името по Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија во 1983 и го освои четвртото место со песната „Џули“ која стана огромен хит.
Таа посакувала Даниел да стане пејач и му била најголема поддршка во градењето музичка кариера, како и целото семејство кое отсекогаш цврсто верувало во неговиот успех.
Раскажувајќи често за овие моменти, Даниел доби идеја да ја сними „Џули“ во знак на благодарност до неговата мајка и семејството, и како изненадување за сите Евровизиски фанови!