Шумски пожар близу до запечатената нуклеарна централа во Чернобил

Од:

Голем шумски пожар избувна близу до некогашната нуклеарна централа во Чернобил, која по хаваријата и големиот пожар во 1986 година е запечатена и изолирана.

Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека со пожарот се зафатени 400 хектари шума, која се наоѓа околу некогашната нуклеарка.

Огнената стихија засега се наоѓа на околу 15 километри од централата, но претставник на Чернобил изрази уверување дека пожарот, сепак, не му се заканува на високо контаминираниот енергетски објект, што е конзервиран и обвиен со специјална оловна обвивка за да не зрачи радијација.

Министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков изјави дека властите се сомневаат оти пожарот можеби е намерно предизвикан и рече дека се воведени екстра мерки за безбедност во целата зона околу централата.

Украинската државна нуклеарна инспекција соопшти дека досегашните мерења на тлото околу Чернобил, покажуваат дека пожарот нема предизвикано зголемување на радијацијата околу нуклеарката.

На 26 април 1986 година, хаваријата на Чернобил и пожарот што потоа избувна, предизвика ослободување на радиоактивен облак и голема контаминација на целиот град до централата.

Многу вработени во централата, како и пожарникарите кои го гаснеа огнот загинаа во настојувањето да се спречи поголема катастрофа.

Радиокативниот облак, сепак, се рашири низ Украина, Белорусија и Русија, а потоа и низ делови на европскиот континент.

Хаваријата од Чернобил од пред 29 години е досега најголемата нуклеарна несреќа во светот.

Во 2007 година почнаа работите за обнова на заштитната обвивка поставена врз нуклеарната централа, кои е предвидено да завршат до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски