Изложба на Вана Урошевиќ во Виена

Од:

Изложба на македонската уметница Вана Урошевиќ вечер ќе биде отворена во Амбасадата на Република Македонија во Виена.

Изложбата ќе ја отворат директорката на Музејот на современата уметност Елиза Шулевска и Василка Попоска-Треневска, македонски амбасадор во Австрија.

„Невидливиот медиум на чудесното-Los caprichos“ се околу шеесет дела групирани во 14 целини, принтови на рачно обоена свила со вез.

Изложбата ќе биде отворена до крајот на месец мај.

Проектот е дел од програмата на Музејот на современа уметност за 2015 година, финансиски поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

Вана Урошевиќ дипломира на Факултетот за ликовни уметности во Белград во 1984 година и магистрира на истиот факултет во 1987. Зад неа се бројни самостојни и групни изложби и добиени домашни и странски награди. Таа е македонскиот претставник на Биеналето во Венеција во 2003 година. Ова е прво самостојно представување на Вана Урошевиќ пред австриската културна јавност. 

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски