Франција и Кина испраќаат спасувачи, лекари и хуманитарна помош за Непал

Од:

Франција ќе испрати три авиони со хуманитарна помош спасувачки тимови и лекари за настраданите во земјотресот во Непал, соопшти денеска во Париз министерот за надворешни работи Лоран Фабиус.

Тој нагласи дека првиот А-340 полетал вчера од Париз, а денеска извршил техничко слетување во ОАЕ. Во него се сто луѓе претежно лекари и спасувачки тимови како и 20 тони хуманитарна помош. Вечерва од Франција ќе полета и вториот авион со 50 луѓе и 20 тони хуманитарна помош како и трет авиуон со 40 тони хуманитарна помош.

Кинески воени авиони со помош денеска исто така полетаа денеска кон Непал.

Според податоци на Владата во Катманду бројот на загинати достигна 4.698 од кои 1.469 во главниот град катманду.

Во земјотресот од 25 април со интензитет од 7,9 степени по Рихтеровата скала повредени се повеќе од 8.000 луѓе.

Службата на ОН за координација на хуманитарни прашања проценува дека околу 1,4 милиони луѓе во државата имаат потреба од храна. УНИЦЕФ соопшти дека речиси милион деца во Непал се силно погодени од катастрофата.

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Адидас истражува случај на корупција во Кина, проценет на стотици милиони евра

A1on

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

„Војната“ помеѓу ЕУ и Кина официјално започна

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен