Спречено самоубиство на 24-годишна струмичанка во Скопје

Од:

Дваесет и четиригодишна девојка од Струмица завчера околу 23 часот се обидела со скокање од балкон на зграда на бул.„Видое Смилески Бато“, да изврши самоубиство.

МВР соопшти дека по претходна пријава дека непознато женско лице се обидува да изврши  самоубиство  со скокање од балкон  од зграда, од страна на Единицата „Алфа“ по преземени мерки насилно била отворена вратата по што на балконот затечена била жената која била спречена во намерата да изврши самоубиство.

По извршениот разговор утврдено е дека таа неколку месеци живеела со М.А. (31) од Скопје со кого подолго време имале меѓусебни недоразбирања. Истиот ден околу 18 часот тој излегол од станот и ја заклучил по што таа по некое време се обидела да изврши самоубиство.

Од страна на полициски службеници М.А. е приведен и извршен е разговор, а по целосно расчистување ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски