Грчки обвинители обвинија седум лица за корупција и перење пари поради нивната улога при потпишување на воени зделки меѓу Атина и германскиот автомобилски гигант Дајмлер од 1997 до 2000 година, соопштија судски претставници.
Обвинителите сметаат дека високи функционери во Дајмлер им дале поткуп во вредност од најмалку два милиона евра на грчки државни службеници за подготвување договор за испораки во Грција на воени возила и автобуси во вредност од над 100 милиони евра, пренесува БТА.
Портпаролка на Дајмлер изјави дека компанијата не била официјално информирана за обвиненијата, додавајќи дека е подготвена да соработува со грчките власти во истрагата доколку тоа биде побарано.
Засега не е познато дали лицата против кои е покренато обвинение се уште работат во Грција или за германската компанија.