Драгон Кунг Фу танцовата компанија го затвора „Танц Фест 2015“

Од:

Со настапот на кинеската атракција Драгон Кунг фу танцовата компанија од Пекинг на сцената на Велешкиот театар вечерва ќе биде затворено 11. издание на „Танц фест“.

Тие ќе гостуваат со 11-члена екипа која ќе  го изведе проектот „Кунг фу танц” – комбинација од борачки вештини и танц. Проектот е на шестмина кореографи, во режија е на Лиу Лу и на музика на Зоу Ханг. Во пет сцени ќе биде презентирана традиционалната култура и современата уметност во Кина, во која борачките вештини се традиционален спорт, но и мошне ценето културно наследство.

Компанијата е основана во 2006 година од светски позната кунг фу ѕвезда Џеки Чен. Вклучува членови од престижни кунг фу групи од Кина и сите имаат богато изведувачко искуство на кунг фу техниките.

Годинашниот „Танц фест“ беше отворен на 14 април со премиера на СМС (сите мои слики) во кореографија и режија на уметничката директорка на фестивалот Рисима Рисимкин. Фестивалот се одржуваше во Скопје и Велес, а настапија танцови групи од Холандија, Бугарија и Кина.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска