ВИДЕО: Средношколците побараа помош, има потреба за вода и храна

Од:

Средношколскиот пленум утрово постави шатори во Паркот на новинарите, спроти зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука, во знак на револт од игнорантскиот однос кон нивните барања.

Во кампот на Средношколскиот фронт постојано доаѓаат средношколци и по некој професор, се прави кафе на отворено, се игра фризби, учениците си ги носат и своите компјутери.

Тие очекуваат поддршка и од своите родители и од професорите.

Велат дека имаат потреба од вода, пластичен прибор за јадење, чаши, кафе, чај, шеќер, леб и храна, плински боци и овошје

Во кампот се одржа и генералниот пленум, на кој средношколците разговараа и гласаа.

Само еден час по отворањето на новиот средношколски фронт пред зградата во која се наоѓа Министерството за образование и наука, претставници од пленумот беа повикани на средба со министерот Адеми.

Средбата помина без никаква одлука, освен дека преговорите продолжуваат во наредните денови.

„Бевме замолени да го прекинеме бојкотот за време на преговорите, но, на веднаш потоа, одржаниот генерален пленум беше едногласно изгласано дека ќе продолжиме со бојкотот и кампувањето во новоотворениот фронт се’ додека нашите барања не бидат усвоени“, соопшти Средношколскиот пленум

Тие велат дека четвртата недела од бојкотот ја продолжуваат со 24-часовно кампување пред МОН, со што ги радикализираат протестите.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците