Грчката опозиција бара оставка од министерот Јанис Фаруфакис

Од:

Дора Бакојани, влијателната пратеничка од главната грчка опозициска партија Нова демократија, побара министерот за финансии Јанис Варуфакис да поднесе оставка, изјавувајќи дека тој „ е товар“ за владиниот кабинет и притоа го обвини за „поткопување на националните интереси на земјата“, соопшти весникот „Вима“.

Бакојани за локалната телевизија „Скај“ изрече тешки квалификации за Варуфакис, изјавувајќи дека тој ќе се повлече од функцијата ако има „и малку чувство за патриотизам“.

– Варуфакис е товар, зафатен е со нарцисоидност и живее со мислата дека е центарот на вселената…Најдоброто што може да направи е да поднесе оставка, за да му олесни на премиерот Ципрас, додаде Бакојани.

Грчката пратеничка, која во минатото беше министерка за надворешни работи, градоначалник на Атина и предводеше политичка партија, за „Скај“ изрази мислење декаВладата на Ципрас има можност да ја склучи спогодбата со кредиторите и да го обезбеди нормалното финансирање на Грција.

Таа, меѓутоа, смета дека премиерот Ципрас нема да отиде на нови избори за да излезе од сегашната тешка ситуација. 

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит