Протести поради пресудата за Мубарак

Од:

Повеќе илјади Египќани во саботата протестираа на плоштадот Тахир во Каиро, изразувајќи го незадоволството од пресудата за поранешниот претседател Хосни Мубарак.

Мубарак беше прогласен за виновен по обвинението за соучесништво во крвавото задушување на бунтот во кој загинаа повеќе од 800 лица, а неколку илјади беа ранети.

На доживотен затвор по истото обвинение е осуден и поранешниот министер за внатрешни работи Хабиб ал-Адли. Сите други обвинети се ослободени. Синовите на поранешниот претседател, Гамал и Алаа, беа осудени за корупција на временска казна којашто веќе ја отслужија во протворот, а шест други високи функционери од режимот на Мубарак беа ослободени од сите обвиненија.

Демонстрантите извикувале „Долу воените власти”, мислејќи на Врховниот совет на вооружените сили на Египет кој управува со државата по соборувањето на режимот на претседателот Хосни Мубарак во февруари 2011 година, и сметаат дека одолговлекува со предавањето на овластувањата на цивилните власти, коишто теба да бидат заокружени со завршувањето на вториот круг од претседателските избори.

„Или ќе постигнеме правда за своите маченици, или и самите ќе умреме како нив“, извикувале насобраните демонстранти на централниот каирски плоштад Тахрир кој стана симбол на бунтот со кој беше соборен Мубарак.

 

 

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски