(ВИДЕО) Средношколски пленум: Нема компромис со министерот Адеми

Од:

По средбата која што ја имаа претставниците на Средношколскиот пленум со министерот за образование и наука, Адеми, учениците се собраа на генерален пленум за да одлучат како ќе постапуваат понатаму.

Неофицијално се дознава дека Адеми побарал од претставниците на Средношколскиот пленум, да ги тргнат шаторите, што од утрово се поставени пред зградата на МОН.

satoriMON1

За А1он, од Средношколскиот пленум велат, дека со Министерството не е постигнат никаков договор, ниту компромис за барањата на средношколците и дека треба да чекаат до утре за министерот Адеми да им го соопшти својот став, на уште една средба. На денешната средба присутни биле и заменик министерот Спиро Ристовски, а кратко присуствувал и министерот Владимир Пешевски.

– Имавме средба денеска, зборувавме за исполнувањето на нашите услови, за жал не можевме да постигнеме договор, ниту компромис, што за нас значи исполнување на некои од нашите услови. Со министерот денеска не можевме да постигнеме каков било договор, но за утре е најавена средба. Нашите барања се јасни – да се полага матура според стариот концепт и укинување на екстерното тестирање. Министерот веруваше во своите ставови и не можевме со него да се согласиме. Бојкотот продолжува и кампувањето, ние, во никој случај, не отстапуваме, вели Ѓорѓи Ставриќ од Средношколскиот пленум.

Пред шаторите се собираат се поголем број на средношколци, а поставени се и транспаренти на кои пишува: „Болна реформа=болна држава“, „Министре времето ви истече“, „А кој не праша нас“, „Млади сме, гласни сме, моќни сме“.

А.Б.

 

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците