Словачкиот премиер Роберт Фицо потврди дека ќе патува во Москва и ќе присуствува на прославата по повод крајот на Втората светска војна, јави дописникот на МИА.
– Доколку некој има проблеми со тоа, јас за тоа не се срамам. Ова е историја, рече Фицо за настанот, кој заради затегнатите односи со Русија поради односот со Украина, го бојкотирааат голем број државници на западните земји.
Претседателот на Словачка Андреј Киска претходно изјави дека нема да присуствува на свеченоста на 9 мај.
Фицо, за разлика од Киска, долго време ги критикува санкциите кои меѓу себе ги воведоа земјите на ЕУ и Русија како реакција на украинската криза.
Покрај Фицо, на московската прослава присуство најави чешкиот претседател Милош Земан, српскиот претседател Томислав Николиќ, грчкиот премиер Алексис Ципрас и кипарски претставник, кои ќе се сретнат со највисоките претставници на Кина, Индија, или лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ил.