Ципрас попушти, почна распродажбата

Од:

Грчката радикална левичарска Влада ја спроведе првата приватизација од доаѓањето на власт пред три месеци, продавајќи ја 20-годишната лиценца за обложување на трки со коњи.

Лиценцата е продадена за 40,5 милиони евра на филијалата на чешко-грчката компанија Опап.

Владата на премиерот Алексис Ципрас се противеше на плановите на своите претходници во врска со продажбата на државниот имот и пред доаѓањето на власт ветуваше дека ќе ги спречи таквите приватизации.

Грција, која се соочува со недостиг на средства, им порача на партнерите од еврозоната во февруари дека до крајот на овој месец ќе постигне спогодба со кредиторите за листата реформи неопходни за ослободување на преостанатите транши од кредитот на меѓународната помош.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит