Акинчи освои 60,38 отсто од гласовите на претседателските избори во Северен Кипар

Од:

Мустафа Акинчи освои 60,38 проценти од гласовите во вториот круг од претседателските избори во Северен Кипар, соопшти Централната изборна комисија, по пребројување на 95 проценти од гласовите.

Актуелниот претседател Дервиш Ероглу освои 39,62 проценти од гласовите.

Одѕивот на гласачите изнесува околу 64 отсто.

Официјалните конечни резултати ќе бидат објавени на почетокот на следната недела.

За победа во вториот круг од изборите кандидатот треба да освои повеќе од 50 проценти од гласовите.

Акинчи е роден на 28 декември 1947 година во Лимасол, завршил на Блискоисточниот технички универзитет во Анкара. Од 1976 до 1990 година беше градоначалник на турскиот дел од Никозија. Од 1993 до 2009 година беше пратеник во Парламентот на непризнатата република. Во истиот период беше вицепремиер и министер за туризам.

Акинчи вети дека ќе работи на спогодба за обединување на Кипар.

– Ние постигнавме промена и мојата политика ќе биде фокусирана врз постигнувањето на мировна спогодба. Земјата не може да си дозволи да биде потрошено уште време, изјави Акинчи пред илјадници свои приврзаници.

Идниот претседател на Севернокипарската турска република, која е призната само од Анкара, изјави дека веќе се чул телефонски со кипарскиот претседател Никос Анастасиадис и двајцата се договориле да се сретнат што е можно поскоро.

– Анастасиадис и јас сме иста генерација…доколку не можеме сега да го решиме спорот, тоа ќе биде огромен товар за следните генерации, предупреди Акинчи.

Специјалниот претставник на Обединетите нации за Кипар Еспен Барт Ајде ја поздрави победата на Акинчи претседателските избори и го поздрави неговиот ангажман во обновување на мировните преговори што е можно поскоро.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ