Заев: Уставот на Македонија е и Библија и Куран

Од:

На протесниот марш на СДСМ во Гостивар, поддршка му дадоа голем број граѓани од различни етнички заедници. Лидерот на СДСМ Зоран Заев, изјави дека мора да се почитуваат Уставот и законите во Македонија, каде се гарантираат правата и слободата на граѓаните, и не се омаловажува ниту една вера и нација.

– Уставот на Македонија е и Библија и Куран, тука не се навредуваат граѓаните со погрдни зборови, како шиптари, човечиња, цигани и слично. Затоа мора да ја вратиме слободата во Македонија преку почитување на законите загарантирани со устав, и нема да дозволиме некој да го урне мултиетничко општество, кое со векови постои во Македонија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Заев изјави дека голем дел од содржината на објавените аудио разговори се реализирани во пракса од страна на актуелната власт.

– ВМРО-ДПМНЕ вели дека разговорите кои ги објавуваме не се реализираат во пракса, а во реалноста е сосема поинаква сликата. Претходно го видовте скандалот во општина Центар, каде се кршеше зградата на локалната самоуправа, а потоа во снимките што ги објавивме слушнавте кој го креирал ова сценарио, исто така слушнавте и за местењето на судиите, кои сега веќе се избрани на високи судски функции, изјави Заев.

Заев изјави дека на Никола Груевски му се ближи крајот. Доказ за тоа е денешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Охрид, каде премиерот Груевски држеше говор во полупразна сала.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“