Фејт: Бомбите покажуваат страшни прекршувања

Од:

Поранешниот висок претставник на Европската Унија на Косово, Питер Фејт, во петокот беше гостин на холандско радио за да одговара на прашања за политичката криза во Македонија. Во 2001, Фејт беше посредник испратен од НАТО за да преговара со војската на ОНА.

Во интервјуто Фејт оцени дека снимките кои ги објавува опозицијата укажуваат на сериозни злоупотреби и криминал од страна на власта и ги демистифицира наводите за етничка дестабилизација на земјата.

Според Фејт, снимките кои ги објавува опозицијата „откриваат страшни прекршувања на човековите права, изборни измами, итн.“ Тој смета дека судска истрага е неопходна, истовремено треба да се рестартира парламентарниот процес и да се избегнат меѓуетнички тензии.

– Снимките покажуваат јасни злоупотреби на моќта, но ЕУ не може да се изјасни без судска истрага. Дали судскиот систем во Македонија може да функционира самостојно или е потребна меѓународна помош, тоа е нешто што ЕУ треба да го одреди – рече Фејт.

Тој за холандската јавност објасни дека „во тек се преговори со посредништво на Европскиот парламентот каде има обиди за постигнување договор на пример за транзициска влада која ги вклучува сите политички сили и иницирање на истрага.“

Запрашан за меѓуетничките тензии, Фејт рече дека не треба да се драматизира.

– Разговарав со албанските лидери кои ги познавам од порано. Тие немаат интерес во тоа. Веста за заложниците [Гошинце] може беше точна, но можеби беше провокација. Треба да продолжи да се надгледуваат етничките односи, без да се заборави пошироката перспектива: Македонија треба да продолжи да оди по европскиот пат и да ги рестартира реформите. Комисијата препорачува да се започнат преговори за членство. Тоа претставува охрабрување за реформи. Спорот со Грција ги блокира тие преговори, иако постојат креативни решенија на маса. ЕУ е зафатена со илегалната миграција, со Украина, можеме и без уште едно жариште на Балканот 20 години по сите проблеми. Владата во Македонија треба да разбере дека мора да соработува со истрагата и посредништвото и да престане да ги негира фактите – рече Фејт.

Тој го поздрави фактот што сите европски институции нудат помош во решавањето на политичката криза во Македонија и прават притисок врз владата. Но, вели тој, „треба да се внимава да не се создаде одбивност кон Брисел и со тоа да се втурне земјата во рацете на Путин и други. Деликатна дипломатска игра е“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски