(ВИДЕО) Кајмакоски со свој фан клуб во Москва

Од:

“Мојата прва посета во Москва е незаборавна! Импресионирам сум од убавината на градот и историјата. Вечерва, за време на гала настанот го почувствував евровизискиот гламур, заедно со останатите учесници кога се појавивме на црвениот тепих. Најголемото изненадување за мене беше да видам толку нови фанови кои веќе ме препознаваа и сакаат да се приклучат на наштио фан клуб.” – изјави Даниел Кајмакоски изутринава пред да замине од Москва.

Гала вечерта се одржа во Карлстон хотел, Москва, со почеток од 20.00 часот. Пред гала вечерта следеа активности како: прес конференции, интервјуа, организирано дружење со фанови во трговскиот центар Афи, и посета на Црвениот плоштад во Москва. Оваа забава се одржува традиционално секоја година пред одржување на Евровизија. Настапија претставниците на уште девет земји учеснички, како и познати пејачи и групи кои веќе настапувале на „Евросонг“ како сестрите Толмачев од Русија и „Здоб ши Здуб“ од Молдавија.

Следен настан е гостување во емисија на 29 април на националната телевизија во Виена – ORF, која воедно е и главен организатор на Евровизија, оваа година.

Би можело да ве интересира

Се ожени во тајност хрватскиот евровизиски претставник

Предраг Петровиќ

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Победникот на Евросонг го скрши трофејот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бејби Лазања херој во Хрватска, ќе го пречекуваат како фудбалерите на плоштад

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Предраг Петровиќ

Холандија е дисквалификувана од Евровизија