„Фолксваген“ ќе изработува „Голф“ со 420 „коња“

Од:

Измина една година откако „ Фолксваген“ на авто-салонот во Пекинг го претстави концептот „Голф Р 400“ со исто толку „коњи“” под хаубата. Од германската компанија сега пристигнува веста дека веќе се работи на продукциската верзија која може да има дури 420 кс.

Официјалните информации за новитетот доаѓаат од шефот за развој во „Фолксваген“, Хајнц-Јакоб Нојсер, кој потврди дека „Голф Р 400“ ќе влезе во сериско производство, дека на него веќе се работи и дека ќе „има повеќе од 400 кс“.

Овој модел ќе биде првиот од гупацијата „ФВ“ што ќе добие нов 2.0-литарски турбо-бензински мотор, што беше претставен во Женева во 2014 година на концептот „Ауди ТТ Кватро Спорт“.

Моторот од „Ауди ТТ Кватро Спорт“ произведува 420 кс (309 кW) и 450 Нм, но засега не е потврдено дека истите перформанси ќе ги има и во екстремниот „Голф Р“.

Потсетуваме дека концептниот „Голф Р 400“, исто така, имаше 2.0-литарски турбо мотор, но со 400 кс и 450 Нм.

Моторот беше впарен со шестбрзински ДСГ менувач со двојно квачило, а силата се пренесуваше на сите четири тркала преку системот 4МОТИОН.

„Фолксваген“ тогаш соопшти дека концептот тежок 1.420 килограми до стотка забрзува за 3,9 секунди и дека максималната брзина на автомобилот фабрички е лимитирана на 280 километри на час.

Се очекува продукциската верзија премиерата да ја има на саемот на автомобили во Франкфурт, во септември, додека производството може да почне кон крајот на 2015 или почетокот на 2016 година.

Шпекулациите се дека цената на „Голф Р 400“ во Германија ќе изнесува малку под 50.000 евра.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ