Грчките лекари и фармацевти загрижени поради недостигот на пари

Од:

Вработените во грчките болници и фармацевтите се приклучија на растечката листа на оние кои се загрижени за законската уредба со која јавните органи се принудени да ги депонираат своите парични резерви во Банката на Грција со цел централната власт да ги користи за да исплати обврски по долгот.

Синдикатите на докторите и вработените во болници издадоа соопштенија во кои изразуваат загриженост и покрај тоа што министерот за здравство, Панајотис Куркулис увери дека болниците ќе продолжат нормално да функционираат, без укинување на некои услуги.

Синдикатот на фармацевтите исто така изрази загриженост поради тоа што фондот за здравствено осигурување заостанува со плаќањата.

– Ние имаме разбирање за проблемите со кои се соочува нашата земја, но за здравјето на грчкиот народ не може да се преговара, изјави претседателот на синдикатот Константинос Лурантос.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит