Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ и во првиот квартал од 2015 година ја задржа титулата најголем продавач на автомобили во светот, оставајќи ги зад себе „Фолксваген“ и „Генерал Моторс“.
Иако во првите три месеци беа испорачани 2,5 отсто помалку возила отколку во истиот период од 2014 година, „Тојота“ со 2,52 милиони продадени автомобили и натаму е прва во светот.
Групацијата „Волксваген“ ја заддржа втората позиција со 2,49 милиони испораки, додека, исто како и во 2014 година, на третата позиција се најде „Генерал Моторс“, која во периодот јануари-март 2015 година. ширум светот пласира 2,42 милиона автомобили.
Како што пренесува „Блумберг“, „Тојота“ ја заддржа првата позиција пред се благодарение на поголемиот интерес кај американските купувачи за неговите СУВ модели, вклучувајќи ги „РАВ4“ и луксузниот „Лексус НХ.“
Вкупниот раст во продажбата во САД изнесува 10 отсто, а испораките на СУВ возила е зголемена за 26 отсто.