Јон Илиеску призна дека дозволил отварање центар на ЦИА во Романија

Од:

Поранешниот романски претседател Јон Илиеску во интервју за германскиот весник „Шпигел“ призна дека во периодот 2002-2003 година го прифатил барањето на САД да се одобри „седиште“ на ЦИА во Романија, додавајќи дека притоа не знаел каква ќе биде неговата функција.

– Американските сојузници побараа од нас да предложиме едно место. Сметавме дека тоа е гест на добра волја пред нашето приклучување во НАТО, истакна Илиеску, кој беше претседател на Романија во периодите од декември 1989-1992 година, 1992-1996 година и 2000-2004 година.

Весникот пишува дека веќе подолго време романските власти го отфрлаат постоењето на центар на ЦИА на романска територија, во кои се држеле и сослушувале лица, за кои се претпоставува дека биле малтретирани.

„Шпигел“ наведува дека Илиеску е „вториот шеф на држава кој признава постоење на тајни центри на ЦИА по поранешниот полски претседател Александар Квашневски“.

Илиеску тврди дека доколку знаел што се случува во тие центри, одговорот на американското барање сигурно нема да бил позитивен, објаснувајќи дека во тоа време со деталите околу ова прашање се занимавал тогашниот шеф на претседателската администрација и советник за национална безбедност Јоан Талпеш.

Би можело да ве интересира

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел