Градоначалникот на лондонската општина Тауер Хамлетс Лутфур Рахман е осуден за „изборна корупција“ и за злоупотреба на својата функција за неговите изборни потреби.
Рахман кој беше избран за градоначалник како независен кандидат, со левичарска идеологија, беше обвинет од четворица гласачи во општината, за изборни измами.
Тие поднесоа заедничка тужба до изборната комисија, а судот во Лондон пресуди дека „работел противзаконски и прекршил повеќе општински прописи“.
Тој е сменет од градоначалничката функција и му е забрането одново да се кандидира за следните општински избори, предвидени за три години.
Пред судот, Рахман се бранеше дека сите обвинувања против него се засновани врз „расна основа и ксенофобија“ но таквите негова одбрана судијата не ја прифати, па тој сега ќе мора и да ги плати сите судски трошоци, кои изнесуваат 250 илјади фунти.
Лутфур Рахман беше првпат избран за градоначалник во Тауер Хамлетс, општина со мнозинско муслиманско и азиско население, во 2010 година. На изборите во минатата година, тој одново ги победи своите противкандидати, иако уште тогаш има забелешки во регуланоста на гласањето.
Пресудата беше поздравена од присутните во судската сала,а претставник на градскиот совет во Лондон изјави дека таа означува „победа на чесната политика“.