Лајчак: Силна осуда на нападот во Гошинце

Од:

Министерот за надворешни работи на Словечка, Мирослав Лајчак, доцна синоќа на својот профил на социјалната мрежа „Твитер“ го осуди терористичкиот напад на полициската станица во местото Гшинце во Република Македонија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Лајчак, кој важи за голем пријател и поддржувач на македонската држава во нејзините евро-атлантски интеграции, порача и дека одблиску ќе го следи развојот на настаните во нашата земја.

– Нападот на полициската станица во Македонија, иако редок инцидент, сепак мора да биде силно осуден. Одблиску ќе ја следиме ситуацијата, порача словачкиот шеф на дипломатијата на „Твитер“.

Претходно, Европската унија, преку Европската комисија, изрази исто така загриженост за настанот во Гошинце и побара политичките партии во Македонија да вложат силни напори да се избегнат тензии.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тодев: Полицајците во Танушевци и Гошинце немаат вода за пиење

А1он

Тачи – Ахмети: Насилството и инцидентите не се во ничиј интерес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пронајден дел од одземеното оружје од караулата во Гошинце

Ана Ололовска

Лазански: Наредбата за напад УЧК ја добила од Вашингтон

Емир Латифовиќ

Русија изрази загриженост за инцидентот кај Гошинце

Емир Латифовиќ

ЕУ загрижена за настанот во Гошинце и бара да се избегнуваат тензии

Емир Латифовиќ