(ВИДЕО) Средношколците ќе кампуваат пред МОН

Од:

Бојкотот на средношколците од училишните холови се префрла на улица. Преставници на средношколскиот пленум известија дека ќе кампуваат спроти зградата на Министерството за образование во паркот на новинари.

„Се надеваме дека во најкраток можен рок ќе бидеме повикани на средба бидејќи сме свесни дека со секој изминат училишен час образованието се распаѓа. Во следните неколку денови нашиот бојкот ќе добие нова димензија и од училишните холови ќе се префрли пред Министерството за образование и наука односно во паркот на новинари. Ние тука ќе бидеме присутни 24 часа а со тоа ќе покажеме дека сме спремни во секој момент да дојдеме на средба“, рекоа средношколците.

Идејата да престојуваат во паркот била со цел да бидат поиблиску до местото каде работи министерот за образование Адеми кој веќе подолго време одбива да се сретне со нив.

Средношколците сметаат дека само вака можат да издејствуваат средба и да бидат дел од набиената агенда на министерот.

Тие сметаат дека со секој изминат училишен час образованите се подлабоко тоне.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците