„Гардијан“: Земјите од ЕУ ќе вратат назад 150 илјади имигранти и бегалци од Африка и Блискиот Исток

Од:

Земјите членки на ЕУ,на денешниот вонреден Самит во Брисел,посветен на големиот наплив од илегални имигранти од Африка и Блискиот Исток,начелно, се согласиле да се вратат назад,150 илјади имигранти и бегалци,кои преку Либија се префрлаат до европското копно,пишува „Гардијан“.

Овој лондонски весник тврди дека ЕУ ќе им понуди престој, само на пет илјади од овие имиграни,за кои се вели,дека „имале среќа да го преживеат„ опасното патување преку Медитеранот, во неприлагодените и претворени бродови и големи чамци,што го организираат либиските шверцери на луѓе.

Во минатата година,околу 150 илјади имигранти користејќи ја „медитеранската траса„ се дојдени до италијснакиот брег,а во првите три месеци оваа година,повеќе од 36 илјади илегалци се префрлени до бреговите на Италија,Малта и Грција.

Повикувајќи се на „доверливиот нацрт-заклучок„ од денешниот Самит во Брисел „Гардијан„ пишува дека овие 150 илјади илегалци ќе бидат вратени назад,врз основа на европските прописи за нерегулано и илегално влегување на територијата на ЕУ,што е формална квалификација која ја користи европската Агенција за границите (ФРОНТЕКС).

Европските лидери се очекува да се согласат и за потребата од ограничена воена интервенција,врз шверцерите на луѓе на либискиот брег,со бомбардирање и унишување на нивните бродови и чамци,за да се спречи илегалниот транспорт преку Медитеранот,во кој само оваа година загинаа неколку илјади лица,од превртување и потонување на претворанеите пловни објекти.

Земјите од ЕУ,планираат да преземат одлучни мерки за ставње ред во Либија,која по насилното соборување на Моамер Гадафи,се уште нема стабилна влада и власт врз целата територија на земјјата.Либија се уште нема вистински Парламент,а наместо една,има две влади-во Триполи и во Тобрук.

Би можело да ве интересира

Како Влада сме спремни за суштински дијалог со Бугарија, вели Муртезани

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ