Кина предупредува дека се зголемува севернокорејскиот нуклеарен арсенал

Од:

Кинеските нуклеарни експерти веруваат дека Северна Кореја можно е да има поголем нуклеарен арсенал од 20 боеви глави и капацитет за двојно зголемување на збогатениот ураниум до крајот на следната година, објави денеска „Волстрит џорнал“.

Весникот наведува дека оваа проценка е многу поголема од претходно познатите кинески проценки.

– Проценката ја одразува се поголемата загриженост на Пекинг поради нуклеарните амбиции на Пјонгјанг и е последна во серијата процени на експертите кои сугерираат дека севернокорејскиот нуклеарен арсенал се одвива побрзо отколку што се претпоставуваше, истакнува „Волстрит џорнал“.

Во неодамнешниот извештај на американските истражувачи се предупредува дека Северна Кореја е подготвена да го прошири својот нуклеарен арсенал во следните пет години и според најлошото сценарио Пјонгјанг може да поседува 100 парчиња атомско оружје до 2020 година.

Би можело да ве интересира

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски