Седумдесет и седум годишен гостиварец го загубил животот во сообраќајна несреќа, кога преминувајќи улица, на него налетал автомобил и тешко го повредил.
Од СВР Тетово информираат дека вчера околу 15 часот на булеварот „Браќа Ѓиноски” на влезот од градот, автомобил „фолксваген-бора” управувано од А.М. (25) налетало на С.С. (77). Од ударот, пешакот се здобил со повеќе повреди и како итен случај бил пренесен на скопските клиники. Подоцна, од тежината на повредите починал.
На местото на несреќата, јавен обвинител и екипа на полициската станица Гостивар извршиле увид и работат на расветлување на околностите кои довеле до неа и дали пешакот поминувал на обележано место.