Високиот комесар на Обединетите нации за бегалци Антонио Гутереш изјави вчера дека неодамнешната несреќа со имигрантите во Средоземното Море, во која 800 луѓе ги загубија животите ја покажува потребата од координирани спасувачки операции.
Гутереш истакна дека несреќата со пренатрупаниот брод со имигранти, кои тргнале од Либија „потврдува колку е итно потребено да се воспостават зајакнати операции за спасување на море“.
– Нашата способност да спасуваме животи не мора да биде гарантирана, бидејќи актуелната ситуација претставува огромна трагедија, изјави тој на состанокот на Организацијата на американските држави во Вашингтон.
– Има такви кои се занимаваат со трговија со луѓе, а ние мора да зеземеме остар курс кон нив, бидејќи тие ги кршат човекови права, додаде Гутереш.
Лидерите на ЕУ ќе одржат денеска во Брисел состанок за да го разгледаат покренувањето воена операција против трговците со имигранти во Либија, за кои сметаат дека се одговорни за смртта на повеќе стотини имигранти оваа година во Медитеранот.