Ренци: Италија е во војна со трговците на имигранти

Од:

Италијанскиот премисер Матео Ренци нагласи синоќа дека Италија е „во војна“ со трговците на мигранти и упати повик до Европската унија да преземе силна акција да се запре понатамошно губење животи на луѓе во Медитеранот.

Ренци ја даде изјавата пред денешниот самит на ЕУ чија централна тема ќе биде кризата со имигрантите.

Италијанската министерка за одбрана Роберта Пиноти изјави за италијанската телевизија Италијан ТВ дека ЕУ би требало да разгледа воена интервенција.

Повеќе од 800 имигранти се удавија во неделата близу брегот на Либија со што бројот на жртви оваа година е веќе 1.750.

Голем број луѓе се обидуваат да побегнат од војната и сиромаштијата на Блискиот исток и Африка што предизвикува голем број жртви во несоодветни и често пренатрупани бродови и чамци.

Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на 2015 година има 30 пати повеќе смртни случаи отколку во минатата година и оти бројот на жртви меѓу мигрантите може да се зголеми на 30.000 до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо