Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, ги известува граѓаните дека утре поради изведување на водоводен приклучок на ул. Петар Ацев бб, корисниците ќе имаат прекинато водоснабдување од 9:00 часот до санирање на дефектот.