Сопственикот на Формула 1, Берни Еклстоун најави воведувањето на нови правила од 2017 година. Фокусот ќе биде ставен на силата на моторот, односно аеродинамиката.
Во Бахреин, се одржа средба на Еклстоун со шефовите на екипите по што е постигнат начелен договор за промените.
– Правилата ќе се променат, постигнат е договор. Болидите мораат да бидат побрзи и да имаме повеќе спектакуларни трки. Реално е да се очекува промени во шасијата, иако не се исклучени, и промени на моторот, изјави директорот на Мерцедес, Тото Волф.
Остануваат „V6“ моторите, но ќе биде зголемен протокот на гориво со што би се достигнале 1.000 коњски сили.
Што се однесува на аеродинамиката, таа ќе биде поедноставена. Затоа, болидите би требало да бидат поубави, но и потешки за возење.
– Две работи треба да се случат. Сите оние кои ќе работат на новиот мотор ќе треба да го надоградат на 1.000 КС, а потоа таква машина да испорачаат на своите клиенти по прифатлива цена, нагласи Еклстоун.