Двајца уапсени за тероризам во Лондон

Од:

Британската полиција уапсила маж и жена на лондонскиот аеродром Хитроу поради „наводна терористичка активност” во рамките на истрагата за патувања во Сирија, соопшти во средата полицијата на престолнината на Велика Британија.

Брачната двојка, и двајцата на 26-годишна возраст, биле уапсени во вторникот навечер откако слетале на лондонскиот аеродром Хитроу и веднаш се ставени во притвор. Полицијата не го открива државјанството на уапсените и во средат асе огради од некои медиумски тврдења дека двојката е уапсена поради сомневање за „нарачка, подготовка и поттикнување на тероризам”.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг за BBC изјави дека апсењата се доказ дека постојат луѓе во Велика Британија кои сакаат да им се вклучат во борбтие во Сирија.

„Постојат докази дека некои луѓе сакаат да го сторат тоа…, ние сериозно ги советуваме да не го прават тоа”, изјави Хејг.

Британската влада им советува на своите државјани коишто престојуваат да ја напуштат Сирија, а на сите други да не патуваат во оваа земја, додаде Хејг.

Истакна дека Велика Британија ништо не прави во врска со прашањето за „снабдување” коишто би придонеле за „смртоносни акции во Сирија”, како и дека „исто така не сака тоа да го прават ниту поединци”.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство