Косовската полиција ги отфрли тврдењата дека напаѓачите на македонската полиција во Гошинце дошле од Косово.
Портпаролот на косовската полиција Баки Келани, изјави дека е информиран од страна на македонските власти за инцидентот.
Келани вели дека од страна на органите на косовските власти не се забележаани какви било сомнителни активности во близина на границата со Македонија.
– Можеме да потврдиме дека полицијата го следи секое движење на сомнителни поединци или групи од страна на Република Косово во Македонија и обратно”, пренесоа косовските портали.