Државниот пазарен инспекторат за една недела изврши 882 контроли според повеќе законски прописи. Контролите се извршени во период од 14 до 19-ти овој месец во Скопје, Куманово, Битола, Струга, Гостивар и Штип.
Во Куманово се издадени една мандатна казна по Законот за трговија во износ од 36.900 денари, шест решенија за привремена забрана за вршење дејност во траење од 30 дена по Законот за трговија, едно решение со наредба за отстранување недостаток обезбедување сертификат по Законот за градежни производи, шест платни налози по Законот за трговија во износ од 73.800 денари, одземена е стока по Законот за трговија во износ од 86.687 денари. Поднесено е едно барање до Основен суд Куманово по Законот за трговски друштва и една кривична пријава до Основното Јавно обвинителство во Куманово поради симнување или оштетување службен печат или знак.