Осомничениот за убиството во тетовски Баркод и се предал на полицијата

Од:

Триесетгодишниот Р.Ј. од Голема Речица, осминичен за убиството во кафе барот Баркод во Тетово, денеска околу 11 часот самиот се пријавил и предал во полициска станица во Скопје.

– Тој е осомничен за убиство на А.А.(22) од Порој при пресметката што на 10 април се случи во кафе барот Баркод во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Р.Ј. во полицискта станица со себе го донел и оружјето со кое се претпоставува дека пукал.

Веднаш по вооружената пресметка во Баркод, во која смртно беше погоден А.А., а со разни повреди се здобија уште 10 лица меѓу кои и второсомничениот А.М(23) од Голема Речица, Р.Ј. избега во непознат правец по што по него беше распишана централна потерница.

За  А.М. и Р.Ј. во отстуство судија во претходна постапка на Основниот суд во Тетово им одреди мерка притвор од 30 денови.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски