„Движењето за социјална правда „ЛЕНКА“ остро го осудува нападот на караулата во с. Гошинце (Липковско). Според изјавата на портпаролот Иво Котевски, дадена без спроведена истрага, зад нападот стои терористичка група, наводно УЧК. Сметаме дека МВР, при толкувањето на мотивите за нападот, е многу конфузно и дополнително потенцирајќи дека станува збор за „терористи кои зборувале на албански јазик“ директно учествува во подгревањето на меѓуетничките тензии во РМ.
Апелираме до нашите сограѓани да не подлегнуваат на вакви провидни провокации и лошо намонтирани сценарија за дестабилизација и до крај да останат трезвени и разумни во своите постапки. На владејачките партии им порачуваме да не ја дефокусираат македонската јавност како би ја избегнале одговорноста за сопствените криминални и неморални постапки, а на опозициските партии им порачуваме да не ја злоупотребуваат оваа сензитивна проблематика којашто може да предизвика несогледиви последици на македонското општество“, се вели во соопштението на ЛЕНКА.
„Прогнозираме дека кога шовинистичките испарувања ќе изчезнат, масите ќе ја земат во предвид својата реална состојба и самите ќе почнат да извлекуваат свои заклучоци. Нивниот бес тогаш ќе се усмери кон владеачките врхушки и од македонска и од албанска националност, коишто ги наведуваат на смртоносен пат, полн со социјално уништување и економско осиромашување на народот.
Нас не ни е потребна нова меѓуетничка војна!
Нас ни е потребна надетничка КЛАСНА БОРБА“, пишува во соопштението на ЛЕНКА.