Георгиев: Услугите на библиотеките – бесплатни за социјално загрозените лица

Од:

Одлуката која Владата ја донела на вчерашната седница предвидува сите услуги кои ги даваат библиотеките, за лицата во социјален ризик да бидат бесплатни.

– Во насока на поддршка на социјално ранливите категории, Владата на вчерашната седница одлучи сите услуги кои ги даваат библиотеките, за лицата со социјален ризик да се бесплатни. Ова значи дека бесплатно ќе биде зачленувањето, посетувањето на библиотеките, искористувањето на книгите и дигиталните содржини во нив, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Георгиев.

Со ова, додаде, се дава поддршка на унапредување на знаењата и вештините на овие лица, нивното образование и културен живот.

Би можело да ве интересира

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка