Земан: Руски упад во Балтикот би бил самоубиство

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан денеска изјави дека кој било руски упад во Балтикот би било самоубиство за Москва и би ја вовлекла Севетрноатлантската Алијанса во борба.

Земан, познат по проруските ставови за конфликтот во Источна Украина истакна дека рускиот претседател „Владимир Путин не е самоубиствено настроен“ и оти е свесен „за последиците од таквиот напад“.

Земан посочи дека не би имало економска смисла Русија да ја припои Источна Украина, каде проруските сили се борат против украинската војска.

Москва речиси пет децении по Втората светска војна управуваше со Балтичките држави, кои стравуваат дека Русија може да изврши упад како во Украина. Во Летонија и во Естонија голем број припадници на малцинствата го зборуваат рускиот јазик.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети