Старџен: СНП ќе ги претставува интересите на сите британски гласачи

Од:

Лидерката на Шкотската национална партија (СНП), Никола Старџен изјави во Единбург дека таа и нејзината партија ќе ги претставуваат интересите на гласачите на цела Велика Британија, а не само на оние во Шкотска, доколку СНП обезбеди влијание во Парламентот во Лондон по парламентарните избори од 7 мај.

Во својот настап во текот на предизборната кампања, Старџен се заложи за зголемување на јавната потрошувачка, како и за прекин на политиката за кратење на буџесткото трошење, што изминатите пет години ја спроведува Владата на премиерот Дејвид Камерон.

Таквата определба на нејзината партија, според Старџен, не е во интерес само за луѓето во Шкотска, каде СНП управува веќе втор мандат едноподруго, туку и на сите Британци.

На своите партиски симпатизери таа им вети дека пратениците на СНП во британскиот Парламент ќе придонесат Шкотска „да биде посилна во Вестминстер“.

Оваа шкотска сепаратистичка партија, која го распали шкотскиот национализам и покрена одржување референдум за отцепување на Шкотска од Велика Британија, по поразот на гласањето во септември минатата година сега настојува да обезбеди посилна позиција во Парламентот во Лондон, иако СНП и посебно Старџен, не се откажуваат од намерата овој дел на Обединетото Кралство, да биде независна држава.

Идеолошки СНП е левичарска партија и целата нејзина внатрешна политика е насочена за изградба на праведно општество и за подеднаква распределба на товарот на реформите. Старџен од пред почетокот на изборната кампања и нуди договор за коалиција на Лабуристичката партија на Ед Милибанд.

Лабуристите ја одбија таа понуда, но не ја отфрлаат можноста за некој друг начин на соработка во Парламентот, според принципот за договарање „од случај до случај“.

Ваквата можност се остава отворена, затоа што сите досегашни прогнози укажуваат дека на изборите за малку повеќе од две недели, ниту една партија нема да триумфира со толкаво мнозинство за да може самата да формира влада, па се укажува на тоа дека Велика Британија уште еднаш ќе има владејачка коалција.

Тоа значи дека СНП, која се очекува да стане трета сила по бројот на пратеници партија во Вестминстер, да биде еден од клучните партнери за идната коалиција.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on