Со жрепка денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беа одредени двојките за полуфиналето на женскиот национален Куп.
Во полуфиналето ќе играат:
Пелистер 2012 – ЖРК Металург и
ЖРК Вардар – Вардар СЦБТ.
Во договор со екипите, финалниот турнир ќе се игра на 16 и 17 мај, во термин за кога е закажан и финалниот турнир во машкиот Куп.
Дополнително ќе биде одреден градот домаќин на натпреварите, како и саатниците на одигрување на средбите.