Во Виена веќе извесно време се е во знакот на подготовките за Евросонг што ќе се оддржи од 19 до 23 мај.
Покрај „Евровизиското село“, Евровизија ќе биде присутна на многу јавни постори во австрискиот главен град.
На 17 мај ќе биде отворен Euro Fan Cafee, во третиот виенски округ каде ќе биде инфо-центарот за сите евровизиски фанови.Преку ден тој кафе бар ќе биде отворен за забава и разговори, а во вечерните часови ќе биде место за организирање забави.
Австриската државна телевизија ORF организира два јавни преноса од евровизиското натпреварување, а лиценцирани преноси во живо ќе бидат организирани на уште 15 локации.
Виенската градска опера на 17 мај ќе организира матине Pop Meets Opera во кои ќе учествуваат Пласидо Доминго, Жан Дијего Флорез и Ансамблот The Philharmonics.
Во виенската куќа на музиката ќе има мултимедијална презентација под наслов „60 години Евровизија – Австрија 1717. Бројката 1717 означува вкупен број поени што ги добила Австрија на досегашните евровизиски натпревари.
За првпат во историјата на Евровизија тој 60.натпревар се одржува како Green Event што означува дека при организацијата се внимавало на зачување на животната средина.