„На 23.04.2015 год. ве повикуваме заедно, сложно да кажеме НЕ на реформите коишто од нас направија експериментални глувци. Да се изјасниме гласно, затоа што тишината не е решение!
Ова е апел до граѓаните. Апел до учениците, родителите, наставниците и студентите. Уште еднаш да покажеме дека и покрај вашето игнорантно однесување, пленумот цврсто стои зад своите барања.
Оваа наша сплотеност може да укаже на 3 работи, дека не може нашето знаење да се покаже преку тест со 30 прашања, дека не го подобрувате образовниот процес со бинго- тестови на среќа и дека не дозволуваме да си играте со нашата иднина!
Доста беше молк, и доста беа реформи за кои се знаеше само зад затворени врати, без никаква шанса за отстапка и приговор. Време е ученикот да може да учествува во донесувањето одлуки за неговото секојдневие и иднина.
Собирно место: Фонтана- Парк
Време: 12:00-12:45
Тек: Од фонтана движиме кон Влада на Р.М. и потоа маршираме заедно до МОН.
Овој марш е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски. Затоа ве молиме да се држите до кодекскот на однесување:
Забрането е:
1. Истакнување на партиски, религиозни и етнички симболи
2. Секаков вид на вандализам
• Палење на учебници и сл.
• Уништување на јавен имот
3. Пропагирање на вертикална структура
4. Насилство и говор на омраза
5. Користење на алкохол и опојни дроги
6. Оружје и пиротехника.
СЕГА ПОМАСОВНИ ОД БИЛО КОГА, СЕГА ПОСИЛНИ ОД БИЛО КОГА, НИЕ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ МАРШИРАМЕ ЗАЕДНО СО ЕДИНСТВЕНА ЦЕЛ !!!
Срамете се од себе господа. Бојкот на настава, маршеви и протести… зарем сте толку слепи?
Ние, можеме! Ние го имаме нашето „ЈАС“. И можеме гласно да кажеме, „СТОП ЗА ЛОШИТЕ РЕФОРМИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“! Протестирам, значи постојам. Приклучи се!
СЕ ДОДЕКА НЕМА ПРАВДА, НЕМА ДА ИМА МИР!“