Пораз на МЗТ Скопје Аеродром во Куманово

Од:

Дербито на третото коло од кошаркарската Супер лига одиграно синоќа во Куманово го доби истоимената домашна екипа која славеше против првакот МЗТ Скопје Аеродром со 99:90.

Кај победникот Урош Луковиќ со 20 поени беше најефикасен, додека кај поразените Александар Чапин постигна 22 поена, а Предраг Самарџиски 21.

Победа на гости оствари Фени Индустри над Карпош Соколи со 81:77. Кавадарчани предноста ја обезбедија во првиот дел кога водеа со 47:38. Најдобар стрелец беше Брендон Вуд од Фени Индустри со 24 поени.

Во саботата Работнички го победи Кожув во Гевгелија по продолжение со 94:86.

Табела: МЗТ Скопје А. 33 бодови, Фени Индустри 31, Работнички 30, Куманово 28, Карпош Соколи 28, Кожув 27.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос