Достава на гас до Украина заобиколувајќи ја Русија – сон или реалност?

Од:

Со оглед на конфликтот помеѓу Киев и Москва, експерти побарани од Дојче веле сметаат дека е невозможно Украина да добива преку Русија гас од Јужен Кавказ или од Централна Азија. И што тогаш?

Денешните односи со Москва го принудуваат Киев да бара алтернативи за достава на гас и нови маршрути по кои горивото ќе пристигне во Украина заобиколувајќи ја Русија. На крајот на март, по разговорот со вицепремиерот на Туркменистан, Рашид Мередов, украинскиот претседател Петро Порошенко изјави: „Украина е подготвена и заинтересирана да бидат обновени доставите на гас од Туркменистан како алтернативен извор“.

До 2004 година, туркменистанскиот гас доаѓаше во Украина транзитно преку Руската федерација (РФ). Но потоа Русија презеде радикални мерки и го презема целиот туркменистански гас – онака како што се договориле претседателите Путин и Нијазов, во корист на Гаспром, раскажува за Дојче веле Михаило Гончар, претседател на Центарот за глобалистика „Стратегија на 21 век“. Според негови зборови, Киев почнал да купува гас од компанијата РосУкрЕнерго во која тогаш главни акциониери биле Гаспром и украинскиот олигарх Дмитро Фирташ.

Туркменистанскиот гас за Украина?

Денес е речиси невозможно да се обнови доставата од Туркменистан со транзит низ Русија – заради руската воена агресија против Украина, смета Гончар.

– А појавата на било какви нови извори на достава на гас насочени кон ЕУ без да минуваат преку Русија, ќе се толкува како антируска дејност. РФ нема да го дозволи тоа, убеден е експертот Володимир Омелчук од енерегетскиот сектор на аналитичкиот центар „Олександр Разумков“, и тој смета дека Украина нема шанси да добие гас по траси кои ќе ја заобиколуваат Русија се до 2020 година.

– Единствената реална шанса е Украина да и отстапи на Русија оргомен дел од своите национални интереси. Ако Украина и го продаде на Русија својот систем за транспорт на гас или други клучни објекти, тоа веројатно ќе го задоволи Гаспром, тврди Омелчук.

Како реагира Нафтогас Украина

Националното акционерско друштво Нафтогас Украина исто не гледа начин во земјата да се достави гас од Централна Азија и Јужен Кафказ по маршрута која ќе ја исклучи Русија.

– Во најблиска перспектива, за жал нема таква можност. РФ си гарантира доста ефикасен монопол врз доставите на горива од Блискиот исток за Европа, одговори запрашан од Дојче веле Сергеј Олексиенко, главен советник на шефот на компанијата. Азербејџан всушност има многу силен перспективен проект Агри за изградба на фабрика за течен природен гас во Грузија, Украина пак гради приемен терминал за течен гас во Одеса и е подготвена да се вклучи во проектот на Баку како еден од најголемите купувачи на таков ресурс, стои во неговиот одговор.

Гасот од Азербејџан преку Турција

– Неспорно корисно е да се мисли за доставата на течен гас од Азербејџан, сподели со Дојче веле Генадиј Рјабцев, директор за социјални проекти во научнотехничкиот центар „Психеа“. Но во овој момент ниту Баку, ниту Киев не располагаат со неопходната инфраструктура и гасоводи за таа цел.

– За Азербејџан е незгодно да гради инфраструктура за достава на гас за Украина. Турција категорично најави дека нема да дозволи гасоводи преку својата територија. Тоа е опасно а им штети и на националните интереси на Анкара. Таа се стреми да ги искористи цевките кои веќе саата ги изградила, а не да решавата за трети земји за достава на гас. Уште повеќе што Азербејџан е првенствено нафтена земја, а не гасова, појаснува Рјабцев. Азербејџан доставува гас во земјите од Централна и Јужна Европа по копно, преку Турција, искористувајќи го таканаречениот Јужен коридор. Тој тргнува од изворите во Шах Дениз, посочува Омелчук. „Но таму зад проектот не стојат којзнае колкави количества – 15 до 18 милијарди кубици. И тие се веќе расподелени помеѓу членките од Европската унија. Искрено кажано, тука не гледам можност за Украина да се вклучи во процесот“, рече киевскиот експерт.

Нов договор со Русија или РосУкрЕнерго-2?

Според запрашаните експерти, ако Украина сака да добива гас од истокот преку руска територија, единствениот начин денес е да се разбере со Русија. „Но со неа не може да се разговара во четири очи“, смета аналитичарот Михаило Гончар. „Ианку Киев ќе си добие несреќни руски услови кои ќе излегуваат вон рамките на бизнисот“.

Еспертот дозволува хипотетичко сценарио како обид да се покрене шемата РосУкрЕнерго-2. Некој можеби смислува корисни шеми за да го реши прашањето со гасовата независност на Украина. „Во смисол да не купуваме руски гас, туку туркменистански – од независна компанија регистрирана во офшор зона. Но да бидеме на јасно, тоа е само стапица во која пак ќе сакаат да ја фатат Украина“, додава Гончар.

Механизмите на СТО како излез од ситуацијата?

– Ако Украина има желба да добива гас од истокот, алтерантивно на рускиот, треба да настојува преку механизмите на СТО – заедно со ЕУ и со Туркменистан Русија да ги почитува правилата на таа организација и да гарантира слободен транзит на гас од Централна Азија преку своја територија, уверува Гончар.

Според Володимир Омелчук од центарот „Разумков“, за Киев ќе биде посигурно решение да ги рашири своите достави до Украина, искористувајќи го словачкиот, унгарскиот и полскиот коридор. „Тука има напредок во позитивна насока. Но истовремено треба да се штеди енергија, да се намали употребата на гасот“, резимира експертот.

Би можело да ве интересира

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто