(ВИДЕО) Шабани: Меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ нема табу теми

Од:

И во едно семејство понекогаш се појавуваат недоразбирања меѓу членовите, така и ние понекогаш имаме случаи во коишто имаме несогласувања, меѓутоа важно е дека ние сме отворени за дијалог, дебатираме цело време и честопати низ дијалог изнаоѓаме решение на сите проблеми, така што нема табу теми коишто не ги отвораме и не ги дискутираме заедно, вели министерот за локална самоуправа Лирим Шабани во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Опозициските градоначалници постојано се жалат дека не добиваат доволно средства од централната власт за да ги реализираат потребните проекти. Дали е тоа тенденциозно за да им се намалат шансите кај гласачите до некои наредни избори?

Би почнал од делокругот на Министерството за локална самоуправа, би рекол дека постои еден орган на ниво на Влада којшто се вика Совет за рамномерен регионален развој, каде што во советите на тие центри учествуваат градоначалниците на сите општини, без разлика дали се од власта или од опозицијата, од сите можни региони во Република Македонија. Пред десетина дена заседаваше овој совет, давам пример да објаснам дека тоа не е баш така, заседаваше советот и распределивме околу 2 милиони евра за проекти рамномерно низ сите региони во Република Македонија, вклучувајќи ги речиси сите општини, затоа што општините аплицираат преку Центрите во Министерството и ние преку Советот рамномерно ги распределивме тие средства. На тој начин правиме и во другите случаи. Можам да дадам и други конкретни примери за опозициските општини. Пример Општина Струга, каде што во делот на образованието имаме инвестиции во училишта, во училиштата во Лабуништа и во Радолишта има реконструкции. Може да земеме трет пример, Општина Студеничани, село Морани и ред други така наречени опозициски општини каде што се градоначалници предложени од опозицијата, така што не би се согласил целосно дека тоа е така.

Меѓутоа искуството покажува поинакви примери. Како да се намали зависноста на општините од тоа дали градоначалникот е во власта или од опозицијата?

Мора да има поврзаност меѓу локалната и централната власт. Ние имаме ред примери каде што соработуваме заедно, не мора да значи дека тоа е зависност. Има многу случаи каде што ние помагаме взаемно и решаваме некои проблеми, инвестираме во проекти или правиме реконструкции и други работи заедно, тоа не мора да значи дека е зависност. Како и да е, од друга страна градоначалниците се независни, советите на општините се независни да донесат правосилни одлуки на ниво на својата општина, имаат ингеренции со процесот на децентрализација, имаат еден куп делегирани надлежности на градоначалниците и на општините, така што не би рекол дека се зависни од централната власт.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Европски фронт не ги коментира информациите за излегувањето на Тачи, од ДПА најавуваат став следните денови

Меџити за излегувањето на Тачи од Европски фронт: Тие не се споија идеолошки, туку за да опстанат на политичката сцена

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Европски фронт: Немаме намера да станеме дел од владината коалиција

Вреди: Криминалното раководство на ДУИ и нивните сателити ќе прават претстава само да избегнат соочување со правдата