Младите во Хрватска најдоцна во ЕУ го напуштаат родителскиот дом

Од:

Младите во Хрватска го напуштаат родителскиот дом со просечно навршени 32 години, со што земјата е рекордер во ЕУ според доцното осамостојување.

Хрватскиот весник „Вечерњи лист“ кој ги презентира податоците од Евростат, оценува дека овој податок би требало да ги загрижи општествено-политичките елити во земјата. Делумно причината за доцното осамостојување експертите ја гледаат во традиционалното воспитување, според кое се очекува децата да останат да живеат со родителите, но во поголем дел и поради лошата економска ситуација.

Освен Хрватска, најдоцна во родителскиот дом остануваат Словенците па Малтежаните, додека најбрзо се осамостојуваат Швеѓаните, кои родителското гнездо го напуштаат со во просек 19,6 години.

Би можело да ве интересира

Албанка која ги уби братот и сестрата кај Дубровник е осудена на 4 години затвор

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб